Астибо немаше сили за фаворитот Чаир, реми на дербито меѓу Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров

Екипата на Астибо го загуби натпреварот со фаворитот Чаир со резултат од 27:41, иако овој меч требаше да се игра во Штип, сепак двете екипи со взаемен договор го променија местото на одигрување, па мечот се играше во Скопје, а Астибо беше формален домаќин, а Чаир формален гостин.

Повеќе од јасно беше очекуваната победа за екипата на Чаир, а истата беше најавена од самиот старт кога Чаир имаше серија од четири погодоци, а истата постојано се зголемуваше до конечни 27:41.

Кај Астибо стандардно најпрецизна беше Марија Анчева со 11 погодоци, а кај Чаир се истакна Билјана Дамчевска со девет, а пак Рона Мифтари имаше осум погодоци.

Дербито во Автокоманда заврши без победник откако Металург и шампионот Ѓорче Петров ремизираа играјќи 23:23. Анамарија Коларовска беше херој за домашниот тим која со два погодоци во финишот обезбеди бод за својот тим, а пак „лавиците“ мораа да се задоволат со бод во дербито на колото, откако претходното дерби со Чаир го загубија.

Кај Металург Автокоманда со по пет гола се истакнаа Анамарија Коларовска и Марија Јанкуловска, а пак ја Чаир се истакнаа Теодора Дукоска и Бојана Коцева со по пет погодоци.

Спартак и Куманово ги поделија бодовите откако одигра 26:26, со што и натаму тимот на Спартак е без триумф. Вардар со убедливи 29:20 го декласираше Пелистер од Битола за трета сезонска радост, а пак битолскиот тим останува на дното како единствен тим без бодови.

Александар Ванев, М-Нет