
Суперлигашот Астибо за новата сезона го реши голманското прашање, откако формираше голманско трио кое треба да го чува голот во новата сезона. Во Штип пристигнува искусната Кристина Младеновска Кузманоска, која доаѓа од редовите на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе.
Со нејзиното искуство треба да донесе стабилност и сигурост на голот на штипскиот Суперлигаш. Дополнително, тимот предводен од Дејан Величков ја договори и младата и талентирана голманка Хани Чобанова која потекнува од школата на Металург.
Помеѓу стативите останува да блеска и надежната Ана Насева, која продолжува да го брани голот на Астибо.
Со овие три имињата на голманската позиција Астибо значително го подига квалитетот во своите редови, а целта во новата сезона ќе биде што подобри резултати во женската ракометна лига.
Како што веќе инфорормиравме од следната сезона покрај Суперлигата во женскиот ракомет се формира и Прва женска ракометна лига, а екипата на Астибо ќе биде во Суперлигата каде ќе игра со најдобрите екипи од Македонија.
Исто така, претходно клубот ја потврди Марија Анчева која неколку сезони е најдобар стрелец во Суперлигата, па со тоа штипјанката останува да тресе мрежи за Астибо и во новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет