
На 15.07.2025 во 22,20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека 17-годишник од Свети Николе, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка при што од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.