Ново заминување од Штип – Брегалница останува без уште еден клучен играч!

Продолжуваат заминувањата од штипска Брегалница, откако претходниот период клубот го напуштија неколку играчи и кариерите ги продолжија во нови средини, од Брегалница заминува и искусниот Иљаз Чиљафи.

Станува збор за 27-годишен играч кој во Брегалница пристигна од прволигаш Брера Струмица, но по една година престој во второлигашот од Штип, реши да замина и кариерата да ја продолжи во нов клуб.

Интерес за Чиљафи има од неколку екипи, во следниот период тој ќе треба да ја одбере најдобрата понуда за него, каде би ја продолжил кариерата.

Покрај за Брера Струмица и Брегалница, во својата кариера има настапувано и за радовишки Детонит Плачковица, Воска Спорт од Охрид, Беса, Тетекс, Гостивар, Шкендија, Струга Трим Лум, Работнички и Вардар од каде и ја започна својата кариера.

Чилафи во сезона 2017/2018 со Шкендија ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Претходно од Брегалница заминаа голманот Дамјан Серафимов, браќата Димитриј и Стојан Попоски, Иван Глигоров, Димитриј Димитриевски, Виктор Наумовски кои веќе се нови играчи на Охрид, потоа Зоран Даноски, Стефан Бабунски и Лука Георгиев, понуди има и за Горан Томовски и Давид Стојков, а на радарот на неколку екипи е и капитенот Давид Калпачки.

Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет