
Македонската кадетска репрезентација во борење учествуваше на силниот Меѓународниот турнир „Константин Александру & Јоан Поповичи” во Букурешт, Романија. Овој турнир е дел од календарот на Светската боречка федерација (УВВ).
На истиот Андреј Мишев во категорија -45 килограми го освои второто место и обезбедува сребрен медал.
На овој турнир земаа учество повеќе борачи за Македонија во машка и женска конкуренција. Тренери беа Мики Тодоров и Марјан Христов.