
Младата борачка Андреа Нисева забележа нов голем резултат, откако штипјанката освои сребрен медал на силен Меѓународен турнир во Шведска, а кој се одржуваше изминатиот викенд.
„Ова конкуренција беше силна се борев на категорија од 65 килограми, на потешка категорија со поголеми девојчиња конкуренцијата беше силна. Имав 13 девојчиња на категорија, имавме натпреварувачки од Киргистан, Полска, Австрија, Австралија, Бугарија и го освои второто место. Имав пет борби, првите две ги победив по 10:0, потоа со 7:5 и последната борба во финалето ја изгубив од Германија“, рече Нисева за М Нет телевизија.
За Нисева ова е прв турнир за ова сезона, по првпат настапува на ваков голем Меѓународен турнир.
„Ова е прв турнир во ова сезона првпат настапувам на ваков голем Меѓународен турнир на потешка категорија, ќе се одржуваат уште повеќе вакви натпревари, на овие натпревари ни се за подготовка за Европски и Светски првенства“, рече Нисева.
Пред Нисева сега ќе следува настап во Хрватска, а не е исклучена можноста и за настап во Естонија.
„Следно имаме „Загреб Опен“ во Хрватска и можеби во Естонија“, додаде Нисева.
Во силна конкуренција Нисева дома се враќа со сребрен медал од Шведска, што е потврда за нејзината посветеност, напорна работа и дисциплина, а сега пред младата борачка ќе следуваат нови предизвици.
Александар Ванев, М-Нет