
Со големо жалење Ве известуваме дека комеморација во чест на Благој Самоников ќе се одржи на 21.02.2025 (петок), во 12 часот во малата сала на Домот на културата во Штип. Замина човекот кој се заложи Домот на културата во Штип да се именува “Ацо Шопов”, во чест на еден од најголемите македонски поети и кој ја направи оваа институција вредна за почит. Замина писателот и поет кој дишеше и живееше за убавиот пишан збор и за уметноста воопшто. Замина кон засводеното време за кое самиот ќе рече дека е “единственото место на светот каде можеш да ги пронајдеш сите работи кои некогаш во животот си ги изгубил, а никогаш не си ги имал“. Нека му е светол патот кон засводеното време.