
Фудбалските третолигаши на истокот денес беа исклучително расположени и мошне ефикасни и на 6 средби беа постигнати дури 27 голови од кои 9 беа постигнати во Берово, 7 во Радовиш и 6 во Делчево. Во Берово стрелци за Малеш беа Бојчевски 3, Пилов 2, и Симевски, Дестанов и Арменски кои постигнаа по 1 гол. Инаку овој натпревар е прекинат во 55 м. поради повреда на повеќе гостински играчи по што на теренот немало доволен број на фудбалери.Еве ги комплетните резултати од ова 9 коло:
- Малеш – Василево 8:1
- Карбинци – Спартмани 1:0
- Брегалница – Раклиш 6:0
- Овче Поле – Чешиново 1:0
- Детонит – Работник 6:1
- Хоризонт – Тиверија 2:1
Табела
- Брегалница 22
- Малеш 21
- Детонит 20
- Овче Поле 18
- Спартмани 16
- Хоризонт 16
- Чешиново 14
- Карбинци 9
- Раклиш 8
- Тиверија 7
- Работник 4
- Василево 0
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk