
На еден ден пред бојкотот на маркетите во Македонија, граѓаните подготвени да не влегуваат во поголемите супермаркети. Под итно е потребно намалување на цените на основните производи за живот, па следејќи го примерот од Хрватска очекуваат дека по бојкотирањето на маркетите цените на поризводите ќе бидат намалени. Од „Гласен текстилец“ Штип дадоа поддршка на иницијативата за бојокот на маркетите и велат дека се потребни сериозни контроли и казни кај трговците кои ги покачуваат цените на производите.
„Првенствено ми е драго што оваа иницијатива произлезе како позитивниот пример од Хрватска. Мислам дека да граѓаните се свесни дека ова е еден од начините да се намалат цените. И сметам дека од државата треба да има едно серизоно зауздување на трговците.“ – вели Ампева.
На моментално високите цени на производи нема да се почувствува ниту покачување на платите на пример. Ампева вели дека потребно е зголемена плата за работниците, ама цените во секој случај мора да се движат во надолна линија.
„Разговаравме дека итно мора да имаме покачување на платата бидејќи тоа го гледаме секаде во регионот и дополнително дека доколку немаме покачување на плата, а и ако имаме ако цените вака растат нема да се почуваствиува покачувањето на платата.“ – додава Ампева.
Поддршка на утрешниот бојкот дадоа и од Занаетчиската комора на Македонија, од каде апелираа грашаните да купуваат утре од мали продавнички, пекари и слично. Дури и дел од пекарите ги намалија цените на лебот и белото пециво. Во Штип пекарите велат дека намалена ќе биде само количината на леб која се носи по маркетите.
Утре 31 јануари, петок е пазарен ден во Штип, пензионерите имаат бесплатен превоз до градскиот пазар. Останува неизвесно колку ќе биде успешен бојкотот на маркетите.
Лаура Стојанова М-Нет