Општина Штип објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортските здруженија и спортските институции

Од денес општина Штип објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортисти, здруженија и спортски институции. Буџетот за спорт на општина Штип изнесува 17 милиони денари.

„Денес општина Штип објави јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортисти, здруженија и спортски институции. Повикот започна денес и ќе трае до 5. февруари 2025 година. Пријавите може да ги најдат на веб страна на општина Штип и да се достават до архивата. По оваа програма се планирани 17 милиони денари, со оваа општина Штип директно помага на спортските клубови и на спортистите во градот“, рече Никола Костадинов, претседател на комисијата за спорт во општина Штип.

Јавниот повик кој е објавен денес ќе биде отворен до 5. февруари 2025 година, односно до тогаш ќе може да се аплицира.

Александар Ванев, М-Нет