Александар Кангалов – претседател на ОО СДСМ Штип: Граѓаните имаат право на сериозна и одговорна власт

Избори мора да има, тоа не е личен или партиски избор, тоа е уставна обврска која мора да ја исполниме 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, вели првиот човек на ОО СДСМ Штип.

– „Овие избори се предвремени и на барање на опозицијата, која сега прави се за да ги избегне. Планираме позитивна кампања, програмата ќе ја презентираме со помош на современите медиуми и очекуваме фер избори кои нема да се опасност по здравјето на граѓаните“ вели Александар Кангалов за mnet.mk.