
На 14 и 15.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбeдност – Оддел за криминалистички истраги во содејство со секторите за внатрешни работи на територијата на државата во координација со инспектори од Државниот инспекторат за животна средина извршија зајакнати контроли во кои беа опфатени 100 отпади на територијата на државата, вклучувајќи 62 отпади во регистрирани правни субјекти, 38 нерегистрирани, односно „диви отпади“.
Притоа, во 27 регистрирани правни субјекти и во сите 38 нерегистрирани отпади утврдени се неправилности, за што ќе следат соодветни поднесоци од страна на МВР и Државниот инспекторат за животна средина.
На подрачјето на СВР Штип од вкупно 12 контролирани локации, кај еден правен субјект се констатирани неправилности, а 10 физички лица не биле регистрирани и не поседувале дозволи, поради што санкционирани се со забрана за работа до отстранување на нерегуларностите.