
Активно се работи на изградбата на резервоарите Мери и Пребег во Штип. Она што е втора етапа од линијата два е поврзувањето со викенд населбата Плуждино. Како што рече градоначалникот Иван Јорданов со оваа инвестиција ќе се овозможи водоснабдување на викенд населбата Плуждино и делови од територијата кон Кежовица. Овде ќе минува и обиколницата со што во иднина ќе бидат сместени едни од најубавите населби во Штип.
,,Oвде се одвиваат активности за изградба на најавуваниот резервоар за вода – резервоар Мери, кој што е во состав на проектот линија два, план на водоводна линија, која што е веќе изградена, ставена во функција до населба Пребег. Она што е како втора етапа од линија два е практично изградбата на овој резервоар и поврзување со викенд населбата Плуждино. Дополнително можност за водоснавдување и развој на делот кон бањата Кежовица и кон нешто што како град и како потенцијал го имаме а тоа е развој на бањско рекреативен центар Кежовица. Паралелно на овој резервоар се работи и на изградба на резервоар Пребег. Вкупната капацитетност за двата е повеќе од 2000 м кубни вода. Колку за пример до сега вкупниот капацитет на резервоари, кои што го има Општин а Штип е исто толкав, колку што се градат новите капацитети, што значи дека градот перспективно со изградбата на овие резервоари ќе може да се шири и да се водоснабдува. Да се градат нови населби и нови зони. Покрај ова, интезивно се гради и обиколницата која што ги поврзува населбите Железничка и Пребег, кон викенд населбата Плуждино.“, рече Јорданов
После пет до десет години ова место ќе биде едно од најубавите за домување и за развој, рече Јорданов. Тој верува дека градот ќе се развива и шири на овој потег имајќи во предвид дека веќе се влегува со потребната инфраструктура.
Се работи на водоводната мрежа и во викенд населбата Плуждино.
Инаку, вкупната инвестиција само за изградбата на резервоарот Мери, е околу 20 милиони денари и овие пари се од самопридонесот на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет