Ако трговците ги поминат границите, владата ќе биде жестока – порача премиерот Мицкоски

Ако трговците ги поминат границите, владата ќе биде жестока – порача премиерот Мицкоски од денешната прес конференција. Кажа дека досега се направени 100 контроли и констатирани околу 30 сетина пропусти, а сголасно законот ќе се изречат и глоби, кон оние кои што се однесувале нефер. Како што рече, тие како влада сакаат да разговараат на нормален и културен начин, за да се најде заедничко решение. Доколку нема, Владата ќе постапи жестото.

,,Направени се околу 100 контроли за ДПИ, констатирани се 30 сетина пропусти, дел од тие се од поголем карактер, а дел од помал карактер. Согласно законот и прописи ќе се постапи се разбира во изречување на глоби, кон тие кои што се однесувале не фер, односно нетрговски. Често пати се обидувам на нормале начин да разгварам со луѓето, за да најдеме заедничко решение да не бидеме агресивни и на таков начин да изнудуваме решенија. Ние сме чесни луѓе и воспитани. Сакаме преку дијалог да дојдеме до решение. Ако некој го помине рубиконот тогаш ќе бидеме жестоки, како што тоа сме го кажале многу пати во минатото.“, рече Мицкоски

Главен приоритет на Влада, е заштита на стандадот на граѓани, кажа Мицкоски и додаде дека ќе стори се за да тие бидат заштитени.

,,Наш главен приоритет е заштита на стандардот на граѓаните. Ќе работиме и овде продолжуваме да работиме. Јас сите овие индикатори и сите овие параметри и аргумнети денес на состанокот со ланците маркети ќе ги презентирам , ќе разговааме отворено, како ние како влада можеме да им погонеме, а се со цел да се одржи ценовната стабилност и да не дојде до зголемување драматично на инфлацијата, односно на трошците за живот. Трошоците на мало, тие се 1,6 проценти во феруари и тие дојдоа под 2 проценти, што значи дека и онаа базична инфлација пополека, но сигурно се смирува. Очекувам во овие предизвикувачки услови не само за нас , туку и за сите во светот да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните.“, вели Мицкоски

Премирот дополнително посочи дека трошоците на мало изнесуваат 1,6 проценти во февруари и тие се под два проценти, што според него знали дека и онаа базнична инфлација поплека, но сигурно се смирува. Очекува во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваат во рамките на нормалата.

Иван Митев, М-Нет