Ако не им се покачи пензијата пензионерите од Свети Николе во понеделник на протест во Скопје

По неколку дневните протести на улица пензионерите од Свети Николе со став – ако не им се исполнат барњата во понеделник заминуваат организирано со автобуси на протест во Скопје. Со 12 илјади денари месечна пензија не се живее децидни се и велат надлежните под итно да ги слушнат нивните барања и да одговорат на нив.

„Ако не ни одговорат на нашите барања, одиме на протест во Скопје, подготвени сме да заминеме со автобуси и таму јавно да не видат и да не слушат оти ни е тешко, дека со 12 илјади не се живее.“ – велат пензионерите.

Некогаш работеле, стаж имаат и по 40 години, а денеска не може да си дозволат да си купат еден литар мелко. Ситуацијата е алармантна велат и под итно бараат покачување на пензиите за 3.500 денари.

„Нека не сожалат и нека видат дека овај народ беден е и сиромашен, работил по 40 години, а сега не може да си ги купеме основните производи“ – додаваат пензионерите.

Протестот на пензионерите започна претходната недела во повеќе градови во државата, и бараат линеарно а не процентуално покачување на пензиите.

Лаура Стојанова М-Нет