Душанка Горгиева – Трпевски е новата в.д. директорка на кочанската болница

Кочанска болница доби нова в.д.дирекорка. Од денеска во директорската фотелја седна магистер доктор Душанка Горгиева – Трпевски. Промената во болницата е по решение на Министерот за здравство, Фатмир Меџити. Горгиева Трпевски е магистер по здравствен менаџмент и доктор по детска и превентивна стоматологија и пред назначувањето работеше во Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општата болница во Кочани. Денеска во телефонски разговор за М-Нет телевизија ја потврди информацијата и истакна дека решението е од вчера, а таа практично од денеска е на функција в.д. директор на кочанската Општа болница со проширена дејност.

Горгиева Трпевски на оваа позоција дојде на местото на досегашниот директор доктор Александар Серафимов. Тој функцијата директор ја извршуваше пет години од месец мај 2018 година, откако претходно бепше долгогодишен хирург во истата институција.

Лаура Стојанова М-Нет