Ако нема леб по рафтовите граѓаните сами ќе се снајдат, ама залихи нема да се прават

Замрзната цената на белиот и полубел леб по маркетите, а пекарите на централно ниво се заканија дека нема да има производство на леб. Во Штип дел од пекарите најавија дека можено е да стават клуч на врата и да работат со намален капацитет, додавајќи дека мерките на Владата ќе се почитуваат. На терен ги прашавме штипјани дали сами ќе месат леб ако рафотвите во продавниците останат празни. Повозрасните граѓани велат дека се зависни од готовиот леб кој го купуваат секојдневно од маркетите, но дел од штипјани велат дека само ќе месат леб. Согласни се дека залихи со леб не може и нема да прават.

Во меѓувреме на денешната седница, укината е мерката со која фимирте кои произведуваат леб добиваа поевтина електирчна енергија. Ова се должи на фактот што дел од компаниите и покрај тоа што добиле поевтина струја не ги намалиле цените на производите. Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека од утре веќе сите фимри ќе плаќаат струја соодветно цената на пазарот.

Лаура Стојанова М-Нет