Автомобил влета во двор во семејна куќа во Кочани

Автомобил со кочански регистарски ознаки предизвика сообраќајна несреќа на улицата “Бранко Пендовски” во населбата Трајаново трло во Кочани. Според изјави на очевидци, возилото прво удрило во паркиран автомобил на улицата, по што излетало во двор на семејна куќа. Во автомобилот се превезувале две лица, кои се здобиле со повреди. Увид на местото на настанот врши екипа од ПС – Кочани