
Сообраќајна незгода се случи попладнево во центарот на Штип, односно на улицата Кеј Маршал Тито, мотоцикл управуван од девојка удрил во жена пешак. Според информациите на МНет телевизија, голема помош на повредените била укажана од страна на униформирани полициски службеници и од командирот во СВР Штип Драган Данев, кој бил надвор од должност и случајно бил на местото на настанот. Била повикана Итна помош и двете учеснички во незгодата биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според првичните информации не се работи за потешки повреди. Увид извршија екипи на СВР Штип. Повеќе информации во врска со овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.
