Фудбалската „Тодорова сабота“ од Виница директно на Мнет ТВ и на спортскиот канал на Мнет а во недела ТВ пренос и од Кочани

Двоен празник ги очекува виничани во пресрет на утрешниот ден, најнапред оној народниот традиционалниот „Тодорова сабота“ и секако вториот фудбалски празник во кој ќе се сретнат екипите на Слога и на Брегалница од Штип. Домашните играчи се свесни за тежината на овој натпревар, но истовремено се осоколени по успешниот освоен бод против Тиквеш во Кавадарци. Слога си има свои амбиции, има одличен тим, сите погледи се свртени кон враќање на некогашната мошне успешна традиција а тоа е враќање на вистинската фудбалска карта на Македонија. Тимот на Слога засега е на делба на 6 место со Каменица Саса со по 22 освоени бодови и со осигурен опстанок. Но, традицијата вели дека Брегалница во текот на својата историја имала тешки и непријатни моменти во Виница а сите сега веруваат дека така ќе биде и на овој натпревар кој што следи.Веќе се одредени и официјалните лица за натпреварите од ова 20 коло а мечот во Виница ќе го суди Марјан Марковски со помошниците Зоран Јанкуловски, Изеири Вјолца и Боби Величков, контролор ќе биде Делчо Јакимовски а делегат ќе биде Владо Крстевски. Од овој натпревар кој ќе се одигра без присуство на публика спортската редакција на Мнет телевизија со цел да ја задоволи фудбалската јавност ќе врши директен пренос на својата програма како и на спортскиот канал на Мнет ТВ сабота 20 март со почеток во 15.00 часот. Останатите 4 средби од 20 коло ќе се одиграат во недела а еве го комплетниот распоред за ова 20 коло:

  1. Слога – Брегалница , сабота 20 03 2021г.
  2. Осогово – Каменица Саса
  3. Росоман – Кожув
  4. Плачковица – Кит Го Пехчево
  5. Победа – Тиквеш

Овие 4 средби ќе се одиграат во недела со почеток во 15.00 часот а спортската редакција на Мнет ТВ и во недела ќе врши директен пренос и тоа од Кочани од натпреварот Осогово – Каменица Саса на својата ТВ програма како и на спортскиот канал на Мнет ТВ.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk