Радески: Заслужена титула за Струга, ние ќе продолжиме само со успеси!

Струга Трим Лум ја одбрани титулата во домашното првенство и ја освоија втората шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани во Тетово со 0:2 славеа над Шкендија и со тоа го потврдија првото местото и ја одбранија титулата на едно коло до крајот.

Марјан Радески беше стрелец на мечот заедно со Бесарт Ибраими, кои всушност и го делат второто место на листата на најдобри стрелци во Првата лига со по 15 постигнати погодоци и имаат гол помалку од Алекса Марушиќ од Воска Спорт, кој е прв на листата на стрелци, а изјава по натпреварот даде токму Радески, кој рече дека титулата на Струга е заслужена.

Во последното коло Струга ќе игра на домашен терен против Шкупи, со што и ќе ја заврши успешната сезона и ќе се фокусира на излезот во Европа.

Александар Ванев, М-Нет