Ќе се реши ли конечно прашањето со градскиот превоз во Штип, ЈП Стипион доби нова дејност

ЈП Стипион претпри измени во работењето со цел да може да врши јавен градски превоз во Штип. Утврдени се должностите, обврските на вработените и корисниците на превозот, начинот на кој ќе се одвива јавниот превоз, по кој принцип ќе се вози, како и бојата на возилата. Додавањето на нова дејност на ЈП Стипион следи по двата неуспешни обиди од страна на Општината да воведе јавен превоз во градот.

„Во измените се утврдени точните начини на работа на ЈП Стипион кои ќе се вршат врз основа на годишна програма, должностите на јавното претпријатие, обврските на вработените и корисниците на превозот. Утврдена и унификација на возилата со црвена боја, условите кои треба да се исполнуваат

Не се усвои предлогот на советничката група на СДСМ и колацијата секој граѓанин кој ќе се затекне без билет во автобус да плати пет пати повеќе од дневната карта. Но, советниците заедно со градоначалникот наидоа на жестока дебата во врска со покачување на субвенциите од страна на општината за превозот на ученици.

„Прво ценовникот кој е предложен не е ценовник кој ќе го плаќаат граѓаните директоно, туку ова се цени кои Општина Штип ќе ги плаќа за превоз на ученици на јавното претпријатие кое ќе го врши градскиот превоз. Не станува збор за покачување на цената на граѓаните“ вели Јорданов.

Јавен лински превоз во Штип е едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јорданов, ама до сега и двата обида беа неупсешни. Со новата дејност на ЈП Стипион ќе се набават шест автобуси кои ќе се движат на шест линии во Штип осум пати во текот на денот.

Лаура Стојанова М-Нет