Ќе има ли одлив на вработени од КБ Штип во приватното здравство?

Дали КБ Штип ќе остане без доволно медицински кадар? Граѓаните се плашат дека ќе останат без поголем број на медицински сестри и доктори од Клиничка болница Штип, бидејќи вработените заминуваат на работа во приватни клиники. Според информации на М-Нет телевизија станува збор за над 20 вработени кои се во план да заминат на работа во приватно здравство.

Дали и колку вработени се најавени дека ќе заминат од штипска болница, директорот Ален Георѓиев во телофнски разговор за М-Нет телевизија истакна дека конкретна бројка сѐ уште нема. Вели дека кога ќе има официјално заминнување ќе се знае колку вработени ќе направат трансфер, и без колку вработени ќе остане КБ Штип, која ги опслужува граѓаните од целиот Источен регион.

Моментално, според директорот Ѓеоргијев има доволно вработени кои ги задволуваат потребите на граѓаните од Штип и регионот.

Лаура Стојанова М-Нет