
Посета на новата и прва велосипедска патека во Штип, денеска направија градоначалникот Иван Јорданов заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Истовремено се посетија неколку локации, населби како и централното градско подрачје во градот каде се извршуваат градежни активности. Јорданов истакна дека се работи на прокети кои во минатото биле заборавени.
„Да направиме увид на неколку локации кадешто во моментот се одвиваат градежни активности. Се наоѓаме на новата велосипедска патека која ја ветивме пред изборите долж кејот на река Брегалиница, увид се направи на улицата Ванчо Китанов каде ќе се започне активност за асфалтирање, во населбата Сењак ќе се направи увид во активностите, во населбата Дуизлак, ќе го посетиме централното градско подрачје каде се работи на конзоли на река Отиња“ – кажа Јорданов.

Чест и задоволство е да се гледа како се работи во време на криза, кога цените на материјалите се зголмуваат, а на терен граѓаните добиваат повеќе и повеќе, истакна Мицкоски од Штип.
„Навистина ова преставува чест и задоволство да се гледа, затоа во услови на енергетска криза која постепено, но исгурно преоѓа и во финансиска криза, Иван сепак успева да најде средства и начин да ја реализира практично целокупната своја програма овде која беше преставена пред граѓаните, минатогодишните локални избори. Јас само можам да посакам така и во периодот кој следи да продолжи да работи чесно, посветено, храбро, одлучно затоа што современиот патриотизам подразбира реализирање на ветувањата коишто политичарите ги даваат пред граѓаните. Иван е таков човек кој заедно со поддршката од администрацијата и граѓаните, тоа што го ветил ќе го реализира“ – кажа Мицкоски.
И покрај сите предизивици и кризата во која се наоѓаме, ќе се успее да се остави еден модерен и современ Штип, додаде во денешната прилика Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет