Јован Илиев е освојувач на трофејот на „Легендите на Спартак“ во Кочани

ФОТО: Wrestling Spartak Kocani

Овој викенд се одржат 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“ во Кочани, турнир кој започна пред 25 години како меморијален турнир „Андонов“, потоа и како „Андонов Колев“, денес претставува симбол кон сите починати борачи на боречкиот клуб Спартак од Кочани.

Оваа година настанот беше посветен на 63-те млади животи, трагично згаснати во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На турнирот настапија шеесетина борачи од Македонија, Бугарија и Косово, а освојувач на трофејот „Легендите на Спартак“ е Јован Илиев од тимот на Спартак.

Најдобар домашен борач е Славица Митева од Спартак, а пак најдобар техничар на турнирот е Марко Јорданов од штипски Балканец. Најдобар странки борач е Јона Ракоци од Качаник, Косово.

На турнирот присуствуваат градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов, претседателот на советот Александар Андов, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, борачите ветерани Мане Јорданов и Влатко Соколов кои добија благодарница за нивниот придонес во афирмацијата на борењето.

Александар Ванев, М-Нет