
Натпросечните температури за овој период од годината допридонесуваат и за поголема потрошувачка на вода. Но, за граѓаните од Кочани ова не претставува проблем, бидејќи како што истакна директорот на Јавното комунално претпријатие Водовод, Андреј Киров, тие се подготвени за летната сезона.
„До Совет не сме пуштиле програма за рестрикција на вода, апсолутно имаме доволен капацитет. Знаете дека ланска година избушивме еден нов бунар со капацитет од 35 литри некаде во секунда вода дополнително резервен бунар каде што вкупно моментално издашност на сите бунари имаме некаде околу 285 литри во секунда вода така да истиот тој капацитет ја задоволува потребата со вода на подрачјето на Општина Кочани – кажа Киров.
Во мегѓувреме Киров додаде дека годинава им се одобрени државни средства за промена на потесниот цевковод во Општина Кочани во должина повеќе од два километри, со цел да може да се пласира поголема количина вода.
Киров ја искористи приликата да апелира до крајните потрошувачи на вода да не ја користат истата за наводнуање на зелени површини и да не ја искористуваат нерационално.
Дирекоторот на ЈКП „Водовод“ се надева на позитивно разбирање од страна на потрошувачите бидејќи пред се е за нивно добро.
Лаура Стојанова М-Нет