
800 денари за килограм јагнешко месо, ваквата цена на месото е главна причина поради која граѓаните во Штип не можат да си го дозвилат на трпезите. Дел од анкетираните граѓани велат дека никогаш не купиле месо, но и тие кои го јадат се децидни дека ако се нуди по цена од 800 денари тешко дека ќе може да се купи. Сега додаваат и дека се уште јагнинња нема по месарниците, но високата цена која се предвидува ќе ги остави без јагне на трпезите.
„Тоа сега јагне во месера не се наоѓа. Ако е 800 денари од што да купам, парите се толку, додека се раздужам и тоа е. “ – велат граѓаните.
Дека по месарниците нема јагнешко се уште за М-Нет потврдија и од месарниците. Гоце Серафимов вели дека уште е рано, и јагнешко месо ќе има за 20 дена најдоцна до еден месец, но цената не е дефинирана.
Дека јагнешко месо нема, пред неколку дена се пожалија и скопските месарници. Според статистиката, цената на јагнешкото месо во Македонија е највисока во регионот. Во соседна Србија, јагнешкото месо се продава за околу 400 денари по килограм, додека во Грција за околу 500 денари по килограм. Експертите велат дека причината за оваа разлика е во дефицитот на јагниња во Македонија, кои се извезуваат во други земји, како и во високите трошоци за транспорт и складирање на месото.
Лаура Стојанова М-Нет