
Ѓубре и отпадоци во училишниот двор во музичко училиште во Штип. Ваквата слика беше присутна и утринава, а како што велат граѓани кои пријавија до М-Нет телевизија се случува често. Велат дека несовесни граѓани ѓубрето го оставаат во училишен двор и од една страна ја загадуваат животната средина, од друга страна оставаат лоша слика за образована институција. Вработените во ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип позади објективот на камерите сведочат за лошата слика и миризба која е присутна овде. Апелираат на поголема одговорност кај граѓаните оти пред се овде се воспитуваат децата.
Ѓубрето во текот на денот беше собрано од страна на екипи од ЈП Исар. Но, директорот Кирил Зајков посочува дека се губат ресурси заради негрижата и несовесноста на граѓаните.
„Екипи на ЈП Исар и утринава беа на терен, ама ова не е првпат да се собира ѓубрето од дворот на музичкото училиште. Се трошат ресурси па наместо да се реагира согласно планот на места кои се предвидени мора ѓубре да собираме фрлено од несовесните граѓани. Апелирам да бидат одговорни и совесни и ѓубрето да се фрла во контејнери“ – вели Зајков.
Од ЈП Исар посочија дека ако недостадува корпа за отпадоци или контејнери граѓаните да пријават во претпријатието и ќе добијат, а не ѓубрето од своите домови да завршува на улица или уште полошо во училишен двор.
Лаура Стојанова М-Нет