Штип УГД продолжува да доминира – трет Куп по ред за штипјани!

ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски

Одбојкарите на Штип УГД уште еднаш ја потврдија својата класа и ја одбранија титулата во Купот на ОФМ, откако во финалето на 33. издание славеа над Борец со 3:1 во сетови.

Иако велешани пружија силен отпор и одиграа квалитетен меч, особено во вториот и третиот сет, сепак поголемата стабилност и искуство беа на страната на штипскиот состав. Клучен момент беше драматичниот трет сет, кој Штип УГД го доби со 32:30 и со тоа го скрши отпорот на противникот.

Најистакнат во победничкиот тим беше Стојан Илиев, кој го понесе епитетот МВП, а значаен придонес дадоа и Задмард, Јуниор, Арсов, Мирасчиев и Стојанов.

Во четвртиот сет, бранителот на трофејот целосно ја презеде контролата и со убедливи 25:13 го завери триумфот за конечни 3:1.

Со оваа победа, Штип УГД стигна до „хет-трик“ во куп-натпреварувањето, а веќе следува нов предизвик – битката за шампионската титула, каде повторно ќе биде меѓу главните фаворити.

Александар Ванев, М-Нет