
Најдобрите две екипи во македонската одбојка Штип УГД и Струмица ќе се соочат меѓусебно за шампионската титула во финалето на плеј-офот во машка конкуренција.
Повеќе од јасно беше дека и двете екипи ќе го обезбедат финалето и всушност не само што ќе гледаме реприза на финалето од пред две недели од Купот во Радовиш, туку ќе гледаме и реприза на финале на плеј-офот од минатата сезона. Одново Штип УГД против Струмица.
Штипјани запиша две максимални победи над Универзитет Тетово, а пак Струмица доминираше против велешки Борец.
Штип УГД испиша историја со тоа што ја одбрани Куп титулата откако во финалето на Куп завршницата во Радовиш ја доби екипата на Струмица со 3-0 во сетови, а сега штипјани атакуваат на првата шампионска титула во клупската историја, што за нив ќе биде и атак по прва двојна круна и испишување на нова историја.
Струмичани имаат една цел, а тоа е одбрана на титулата во домашниот шампионат.
Финалето на плеј-офот се игра во три добиени натпревари и стартува на 25 април во Штип.
Александар Ванев, М-Нет