Штип по 20 години ќе добие кино, филмовите ќе се прикажуваат во ОМЦ „Киро Глигоров“

По 20 години, Штип конечно ќе добие кино. Општина Штип и Киноверзум преку современа технологија ќе овозможат прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип. Киноверзум во Штип ќе работи секој ден од понеделник до недела, а планирано е во работните денови да има две до три проекции, додека за викенд бројот на проекции би се движел од четири до шест, во зависност од достапните филмови. Капацитетот на салата во која ќе се прикажуваат филмовите е приближно 100 места, а во рамки на киното ќе функционира и продажен пулт за влезници, храна и пијалоци.

Како што велат од Општината, Општина Штип и Киноверзум ќе донесат урбана свежина во социјалното живеење во нашиот град!

Ребека Спасова М-Нет