Штип повторно слави! Бронзен медал за штипјанецот Љупче Михајлов од КК Штип на ЕП во Прага

Со резултат од 1:3 против Рамос Мат Стевен Аугуст од Италија, штипјанецот Љупче Михајлов го освои третото место и се здоби со бронзен медал на Европското првенство кое овој викенд се одржува во Прага-Чешка.

Ова е уште еден од низата успешни резултати на КК Штип од каде доаѓаат најдобрите каратисти во Македонија Сашко и Жарко Арсовски и Емил Павлов но и за Македонската карате репрезентација бидејќи од сите кандидати Михајлов го оставри најголемиот резултат.

Инаку од КК Штип учествуваа двајца каратисти Хаџикимов и Михајлов, кој со спонзорства на клубот и сопствени средства заминаа на Европското првенство, наместо тоа да го обезбеди Македонската карате репрезентација. Како и да е Штип и Македонија се радува на големиот успех, а КК Штип уште еднаш докажа дека е најдобар карате клуб во Македонија.