Штип домаќин на регионална конференција за обука на воспитувачите во детските градинки

Одржана регионална конференција на која домаќин беше Општина Штип. Над 60 градинки од државата и над 220 учесници беа дел од конференцијата чија единствена цел поголема обука да добијат воспитувачите, стручните работници во градинките, како и подобар начин на воспитување и згрижување на децата.

„Денешниот настан е регионална конференција на детските градинки на тема Форуми на едукација и образование за надарени деца. Таа беше последна тема во организација на Балканска асоцијација на детски градинки каде вкупно 14 градинки од Македонија зедоа учество со свои трудови и ние сега тие трудови ќе ги презентираме рагионално во два града, во Штип и Прилеп.“ – вели Митров.

Освен инфрастурктурно подобрување на детските градинки да се работи и на обуката на вработениот кадар е од огромно значење, со што се добива поквалитетно згрижување на децата, истакна во оваа прилика градиначалникот Јорданов, поздравувајќи ја конференцијата.

„Сакам да ја поздравам денешна конференција. Ние даваме целосна поддршка бидејќи освен примарната обврска да ги подобриме постоечките градинки, да создадеме нова инфраструктура дефинитивно персоналот, вработените во детските градинки се од исклучително значење за подобрување на условите во згрижувачкиот процес“ – вели Јорданов.

За подобрување на условите за воспитување на најмалите се почнува преку обуки на студентите, идни воспитувачи во детските градинки. УГД Штип е подготвен да им пружи на студентите вистински содржини за понатаму да може да се надоградуваат.

„Во таа насока во рамки на подготовката на идните воспитувачи имаме содржини кои се изучуваат, ама сметаме дека во контекст на времето во кое живееме потребна е континуирана, професионална надоградба и на постоечкиот кадар во згрижувачките установи и на нашите студенти“ – додава Мирасчиева.

Денешната конференција е поддржана од Факултетот за образовани науки при УГД во материјална смисла и во ресурси.

Лаура Стојанова М-Нет