Штипјанец пронајден починат во беровско Будинарци

На 30.01.2023 во 03.35 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во канал за вода во с.Будинарци, беровско, бил пронајден починат З.Ш.(44) од Штип, со живеалиште во с.Будинарци. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од ОВР Берово.