Штипјанецот Фадил Назифов најдобар пеливан на Меѓународен пеливански турнир во Германија!

Штипјанецот Фадил Назифов кој настапи на голем Меѓународен пеливански турнир во Германија е прогласен за најдобар странски пеливан, тој го освои првото место во категорија до 130 килограми.

На овој турнир учество земаа над 60-тина натпреварувачи од повеќе држави од Европа, а за Назифов ова е голем успех и поттик да продолжи уште подобро во иднина.

Назифов и во иднина ќе учествува на вакви силни натпревари, а веќе утре ќе земе учество на пеливански турнир во струмичко.

Пред заминувањето во Марл, Германија, Назифов за М Нет истакна дека за него е голема честа да се натпреварува со вакви големи светски имиња кога е во прашање овој спорт, кој како спорт е близок до борењето слободен стил.

Назифов беше пречекан во Штип за што ги доби и првите честитки за неговиот голем успех.

Младиот Назифов силно мотивиран утре заминува на нов пеливански турнир во струмичкото село Просениково.

Александар Ванев, М-Нет