
По повод светскиот ден на чистењето, Општина Кочани заедно со ЈП Водовод, основните и средните училишта заеднички организираа еколошки настан со што на одредени подрачја при општината се изврши чистење со основна цел загадените места се сведат во нормална, чиста средина и повторно се стават во употреба. Професорот во СОУ“Гошо Викентиев“, Кочани Илинка Глигорова Јосифовска, истакна дека ваквиот настан ќе биде еден поттик за граѓаните да фрлањето на отпад го извршуваат во соодветните корпи за отпадоци, а средината остане здрава и еколошки чиста.
“Ете денес по повод светскиот ден на чистењето во заедничка организација со општината, комуналното јавно претпријатие водовод и средните и основните училишта на ниво на општината заеднички одлучивме трагетиравме одредени подрачја каде што има настанати диви депонии ги трагетираме местата се организираме и се обидувам да ги сведиме во една нормална и чиста средина и повторно ги ставиме во употреба. Се надеваме дека ние тоа што го направивме и го правиме нека биде еден апел до граѓаните, ќе биде зачувано со што ќе внимаваат граѓаните во иднина и ќе ги користат садовите за фрлање на отпадот „, додава Јосифовска
Националниот ден за чистењето се одбележува секоја година во државите во третата седмица од септември. Тој промовира организирани и поединечни настани за чистење и волонтирање за да сезачува околината здрава и чиста.
Лаура Стијанова, М-Нет