Со сечење на џиновската пастрмајлија отворена „Штипската пастрмалијада“ пуштено во функција и шеталиштето

Со сечење на џиновската пастрмајлија и официјално се отворо овогодинешното издание на манифестацијата Штипска пастрмалијада. Воедно денска се пушти во употреба и новото и прво шеталиште во Штип, Ванчо Прќе. Градоначалникот, Иван Јордано,в ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

„Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт“ – вели Јорданов.

На отворањето на пастрмалијадата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Задоволен и од програмата, но и од проектите во градот посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.

„Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето“ – вели Мицкоски.

Овогодинешната пастрмалијада е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации.

Лаура Стојанова М-Нет