
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кои ќе стартуваат во 16 часот.
Познати се сите судии кои ќе ја делат правдата на сите мечеви. Доне Ристовски ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот меѓу Пелистер и Брера Струмица во Битола, а пак Боби Величков го доби соочување на Вардар и Тиквеш.
Благојче Ралевски ќе биде главен судија во Тетово каде ќе се соочат Шкендија и Воска Спорт, додека пак Батмир Бафто ќе им суди на Силекс и Беса во Кратово.
Штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија на мечот меѓу Гостивар и Шкупи, а пак Бењамин Ќерими ќе им суди на Работнички и Струга Трим Лум.
Александар Ванев, М-Нет