Ѓорче Петров максимален во ракометната Суперлига – „лавиците“ кон одбрана на титулата, ракометарките на Астибо чекаат на прва победа во плеј-офот

Ракометарките на Ѓорче Петров максимални во плеј-офот на женската ракометна Суперлига со максимални бодови на своето конто и учинок од 12 победи од исто толку натпревари. Воедно, „лавиците“ го имаат најефикасниот напад со постигнати 424 голови, а имаат и најдобра одбрана со 273 примени погодоци.

На второто место е Металруг Автокоманда со 19 бодови, а пак Чаир е трет со 17 бодови. Веднаш драстичен пресек на табелата со тоа што Вардар е четврти со седум бодови, а толку има и Куманово кој е петти. Штипски Астибо е на шесттото место но и натаму без бодови исо 12 порази со што ракометарките на Астибо кои веќе испишаа историја пласирајќи се во плеј-офот и натаму чекаат на триумф.

Во однос на плеј-аутот таму на врвот е Деспина со 11 бодови, Пелистер е втор со девет бодови, а по осум бодови имаа Спартак и Овче Поле од Свети Николе за делба на третото место. На петтото место е Ѓорче Петров 2 со шест бодови, Стружанка е претпоследна со три бодови, а на дното е Шампион без бодови.

Александар Ванев, М-Нет