Штипјанецот Дејан Богданов останува претседател на Боречката федерација на Македонија

Синоќа во Штип се одржа изборно Собрание на Боречката федерација на Македонија за избор на претседател.

На истото Дејан Богданов беше повторно избран за претседател на Боречката федерација на Македонија, со што тој останува претседател на федерацијата најмалку до 2029 година.

„Сакам да се заблагодарам најпрво на сите членови на федерацијата во сите сектори како и на сите поддржувачи на спротот. Најголема благодарност до Министерството за спорт особено до министерот Борко Ристовски, за целата поддршка изминатите четири години и се радувам на продолжување на соработката“, вели претседателот на федерацијата Богданов.

Како што објавија од боречката федерација на Македонија, правилниот начин на работа, многу труд, коректноста, жртвата за Боречката Федерација, но и за управниот одбор, тренерите, спортските работници како и спортистите и спортистките на досегашниот претседател Дејан Богданов излегоа на виделина.

Александар Ванев, М-Нет