Штедењето е мисловна именка за пензионерите во Штип, имаат желба – ама не и можност

Минималната плата со пораст од над две илајди денари, пензиите ќе пораснат за 8.4%, па на терен прашавме дали граѓаните имаат простор да заштедат некој денар. Анкетираните штипјани пред се пензионери, велат дека сакаат да штедат ама нема од каде. Пензиите се нисоки, производите со високи цени, па да се заштеди нешто е многу тешко. Додаваат дека во денешно време ретко кој може да си дозволи да заштеди, бидејќи едвај се врзува крај со крај да се преживее месецот.

„Од што штедиме, од кои пари. Од кои пензии бе деца. Земаме по 15 илјади пензија, од што да заштедиме. Прехрамбените производи сите ојдеа на камила, од што да заштедеме.“ – велат граѓаните.

За разлика од денеска, некогаш пари имало за се, и за нова куќа и за одмор и за заштеда. Пред се анкетираните штипјани потенцираат дека тоа е времето на Тито, кога можеле да си дозволат многу повеќе за разлика од сега. Согласни се дека животот е тежок не само за пензионерите туку и за работниците.

„Порано и така и така беше ама сега за нас животот не е баш добар. И за нас пензионерите и за сите работници не е добро да ви кажам“ – велат анкетираните граѓани.

Најавата за покачување на пензиите за 8,4 % или нешто повеќе од 1000 денари за оние кои земаат пензија од 14 илјади денари за пензионерите е недоволно, бидејќи како што велат пораснаа цените на се останато.

Лаура Стојанова М-Нет