
Македонскиот шампион Шкендија на реваншот во Букурешт против романскиот шампион Стеауа Букурешт (ФСЦБ) од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе патува со минимална предност од 1:0, откако Шкендија славеше на првиот меч пред околу 7.000 публика во Скопје.
Тетовскиот клуб направи голем успех иако победата можеше да биде и поголема, но и со гол предност ќе има можност во Романија да направи успех и да патува во третото квалификациско коло во ЛШ.
Голманот Гаје одново блескаше на голот на Шкендија, а првиот дел од мечот заврши без погодоци (0:0).
Во вториот дел Шкендија имаше неколку големи шанси, а една од тие беше искористена во 65. минута кога Ибрахим Алхасан ја стресе мрежата на романскиот тим.
Натпреварот го одбележаа и два црвени картони по еден кај двата тима, а одличен настап имаше и штипјанецот Ване Крстевски.
Публиката која беше на арената „Тодор Проески“ во Скопје проследи одличен натпревар, а навивачите се радуваа на овој минимален, но голем триумф.
Реваншот е закажан за 30 јуни во Букурешт, а Шкендија патува по историја.
Александар Ванев, М-Нет