
Уште еден меч од Трета лига – Север преку директен пренос на М Нет телевизија со коментатор на македонски и албански јазик, Шкендија Арачиново против Куманово дерби меч на „Хасанбег арена“ каде Шкендија однесе убедлива победа од 0:6.
На полувреме Шкендија Арачиново имаше водство од 3:0 со двата гола на Бујар Иљази во 6. и 44. минута, а во 24. минута Ергин Шерифи си постигна автогол.
Во вториот дел Шкендија го декласираше Куманово за убедливо 6:0. Шерифи си даде втор автогол, Дарио Десниќ даде гол, но не го прослави во знак на почит кон неговиот поранешен клуб, а гол даде и Шуајб Алити.
Ржаничино на домашен терен играше со Фортуна каде исходот беше 1:1. Ѓорѓиев за домашниот, Мифтар погоди за гостинскиот тим.
Њу Старс го пречека некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ каде гостинот беше подобар со 2:4 со двата голови на Бакијов и погодоците на Анчевски и Богдановски. За домашниот тим погодија Симјановски и Тренески.
Аеродром беше домаќин на Кадино каде со 2:1 славеше со головите на Пешовски и Каланоски, а за гостинот погоди Благојевски.
Вчера беа одиграни три натпревари. Беса Влазрими со 3:1 славеше над Башкими Љуботен, Академија Илинден со 1:0 го доби тимот на Риниа, а пак БВК Коњаре со 2:1 ја запиша првата сезонска радост против Пчиња.
Александар Ванев, М-Нет