Слога Виница убедлива против Брегалница во Делчево, реми во Свети Николе

Денес во рамки на 3. коло на Трета лига – Исток се одигра регионалното дерби каде Слога Виница со 0:3 славеше над Брегалница во Делчево.

Триумф за висока победа со головите на Воинов и Ристовски во првиот дел и Амедов во вториот дел.

Карбинци и Хоризонт Турново ремизираа играјќи 1:1. За домашниот тим погоди Велинов, а за гостинот Черкезов.

Овче Поле ремизираше со Дојранско Езеро откако одиграа 1:1. Стојановски погоди за домаќинот, а Илиев за гостите од Дојран.

Дебакл на Малеш во Берово откако загуби со 0:3 со Ударник. За гостинот од Пирава погоди Павлов и двапати Спасиќ.

Тиверија преку Никола Трајков, Ване Трајков и двата гола на Шилинов го декласираше Светлост од Зрновци со 4:0.

Александар Ванев, М-Нет