
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепка за новата сезона во Суперлигата, со што е познат распоредот за новата сезона во која ќе се натпреваруваат 12 екипи, по трастичното кратење на лигата која лани броеше 16 екипи.
Шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ја започнува во Кавадарци каде ќе се соочи со Тиквеш, а првото коло ни го носи и дербито меѓу Алкалоид и Вардар.
Повратникот Радовиш во првото коло на домашен терен во СРЦ „25-мај“ ќе се соочи со Охрид, Бутел ќе игра со Куманово, Прилеп ќе биде домаќин на Пролет, а пак Струга сезоната ја отвара на домашен терен против дебитантот Бисинов од Велес.
Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во рамки на 4. коло односно на 28. или 29. септември во Скопје.
Екипата на Радовиш експресно се врати во ракометната елита на Македонија, откако заврши на второто место во Првата лига и во баражот го совлада Еурофарм Пелистер 2, додека екипата на Бисинов од Велес е дебитант во Суперлигата, откако минатата сезона стана шампион во Првата ракометна лига.
Новата сезона во ракометната Суперлига ќе стартува на 7. септември.
Александар Ванев, М-Нет