
Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе биде поатрактивна, но и понеизвесна кога е во прашање горниот дел од табелата поточно првото место кое води во баражот за Втората фудбалска лига.
Зголемување за четири екипи во однос на лани или вкупно 12. Минатата сезона се натпреваруваат девет, Вардарски стана шампион и се пласираше во Втора лига преку баражот, а во новата сезона во однос на ланските осум дополнително ќе се натпреваруваат Хоризонт Турново, Светлост од Зрновци, Брегалница Делчево и екипата на Граничар Спорт од Ново Коњарево, струмичко, а тоа ќе значи и повеќе дерби натпревари, повеќе публика на стадионите, но и растење на апетитите на екипите за висок пласман и промоција во Втората лига.
Хоризонт Турново во минатото беше вицешампион во Првата лига играше и квалификациите за Лига Европа, располага со повеќе од перфектен спортски комплекс, ќе значи и дека овој тим ќе го напаѓа првото место.
Слога е прв фаворит за првото место, но сезонава и други екипи ќе се вмешат во трката за првото место.
На Истокот се реактивираат екипи кои подолг не биле активни, а сега одново се враќаат на фудбалската карта на Македонија.
Новата сезона од Трета лига – Исток ќе започне на 15. септември со 12 екипи.
Александар Ванев, М-Нет