
Актуелниот фудбалски шампион го промовираше Чихан Арслан како нов тренер, кој доаѓа како наследник на Гоце Седлоски, кој доби отказ по турбулентните резултати во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
53-годишниот турски стручњак во минатото ги водеше Кочаелиспор, Болуспор, Гестепе, Башакшехир, Беледиеспор, Аданаспор, Маниса, Баликесирспор, Касимпаша, а последен негов ангажман беше во Малатијаспор, а во странство го водеше босанскиот клуб Челик Зеница во 2019 година.
Голем успех Арслан имаше со Ахисарспор, тим кој го водешете во групната фаза на Лигата на Европа на пет натпревари.
Негов помошник ќе биде Февзи Лајиќ, кој ќе биде дел од стручниот штаб на новиот тренер Арслан.
Своето деби како нов тренер Арслан ќе го има против Скопје на домашен терен, а репрезентативнта пауза ќе ја искористи да се запознае со играчите, средината, условите за работа и да се подготви максимално за своето деби.
