
Четврта година по ред УГД Штип го одбележува денот на денарот. И денес, во пристуство на директорката на Управата за Јавни приходи Елена Петрова, како и професорите при универзитетот на катедрата за економија, студентите имаа можност да разговараат за историјатот на оваа управа. Како што истакна Петрова за медиумите, ако некогаш УЈП беше перцепирана дека врши контроли и сее страц, денеска современата УЈП е препозната како подржувач на граѓаните.
,,Денес на овој настан што го организира УГД во чест на денот на денарот имам чест и задоволство да се обратам пред студентите и секако ќе зборувам УЈП за историјатот и создавањето на УЈП. Историскиот развој на УЈП значи воедно и развој и трансформација на ерцепцијата што ја имаат даночните обврзници за УЈП и ако во минатото пред некој 30 тина година УЈП беше перцепирана од даночните обврзници дека врши контрола и сеи страв, денеска современата УЈП е препознаета како сервис на фирмите и граѓаните за поддршка, помош и информирање со цел да имаме навремено плаќање на даноците.“ рече Петрова
Веќе четврта година по ред факултетот има навика и пракса да го одбележува денот преку покана на гости од приватниот и јавниот сектор, рече проф.Стеван Габер дирекно од настанот.
Инаку, настанот се оддржа во големата сала на економскиот факултет при УГД Штип, а на настанот присуствуваа сутедентите и професортие од катедрата.
Иван Митев, М-Нет