
Кошаркарскиот клуб Соколи регуларниот дел од Втората лига го заврши на третото место, а тоа значи дека во плеј-офот штипјани ќе играат против шестопласираниот Бутел. Плеј-офот сегментот се игра на два добиени натпревари, а првиот КК Соколи го игра во сабота на домашен терен во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
ИЗЈАВА 747G1491 Горан Стаменков, портпарол на КК Соколи 00:26 (кошаркарскиот клуб Соколи) до 01:26 (Борец од Велес)
„Кошаркарскиот клуб Соколи како што е веќе познато на спортската јавност во нашиот град го обезбеди третото место во регуларниот дел од Втората лига. Во плеј-офот вкрстуваме со екипата на Бутел од Скопје тие беа шестопласирани во регуларниот дел. Плеј-офот се игра на два добиени натпревари, првиот го играме веќе во сабота на домашен терен во салата „Јордан Мијалков“ терминот ќе биде дополнително објавен. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите љубителите на кошарката на спортот воопшто, да бидат ветер во грб на кошаркарите на Соколи и да помогнат во таа толку посакувана победа, прва победа во плеј-офот. Следниот втор натпревар се игра на гостински терен во Бутел и доколку резултатот биде изедначен 1-1 се игра мајсторка која ќе се игра во Штип. Ја користам приликата да ја известам јавноста дека доколку го поминеме првиот противник во плеј-офот, потоа вркстуваме со подобриот од мечот помеѓу Ангели и Борец од Велес“, вели Горан Стаменков, портпарол на КК Соколи.
Доколку Соколи го помине првиот противник во следниот меч ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Ангели и Борец.
Искусниот кошаркар Никола Караколев за М Нет телевизија вели дека ги очекува тежок меч и дека Бутел има добра екипа.
„Не’ очекува тежок натпревар екипата на Бутел е добра екипа, цврсти момци, имаат ротарица од девет десет играчи. Ние моментално се мачиме со некои повреди јас бев повреден и уште двајца играчи. На последниот натпревар против Работнички ние не игравме. Ги саниравме тие повреди се надевам ќе дадеме се од себе да може првиот натпревар против Бутел дома во сабота да може да извојуваме победа“, вели Никола Караколев за М Нет.
Караколев се надева дека салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе биде исполнета и со тоа ќе имаат поддршка од трибините.
„Притисок мислам дека имаме ние повеќе затоа што играме дома. Ако победиме, они би имале поголем притисок, но истиот треба да го замениме со тоа што имаме домашна публика и домашен терен и се надевам дека салата ќе биде исполнета до последно место и ќе имаме поддршка, бидејќи ова се уште некои четири натпревари не делат до Прва лига. Ќе дадеме се од себе да може да победиме во сабота и одиме понатаму“, вели Караколев.
Соколи е блиску до влез во елитата, Караколев вели дека ќе дадат се од себе со цел Штип следната сезона да гледа прволигашка кошарка.
„Моментално атмосферата е одлична мислам дека со позитивна енергија и добра мисла, мотивација кај сите, ако ја играме нашата игра мислам дека нема имаме проблем во сабота“, додава Караколев.
Кошаркарскиот клуб Соколи е подготвен за првото соочување во плеј-офот против екипата на Бутел.
Александар Ванев, М-Нет