Црвено-црните не запираат: Пет нови имиња во Шкендија Арачиново

Новиот македонски прволигаш ФК Шкендија Арачиново продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, откако денеска официјално претстави дури пет нови фудбалери кои ќе го носат црвено-црниот дрес.
Од клубот со големо задоволство ја објавија промоцијата на Мартин Тодоров, Хадис Велији, Аритон Мехмеди, Есмин Личина и Сумер Хасан, кои од денеска и официјално стануваат дел од новиот прволигаш.
Во својата објава, Шкендија Арачиново им посака топло добредојде на новите засилувања, со желби за добро здравје, многу успеси и што повеќе победи во дресот на клубот.
Со овие ангажмани, раководството на Шкендија Арачиново испраќа јасна порака дека амбициите не завршуваат со историскиот пласман во Првата македонска фудбалска лига, туку дека клубот сака да формира конкурентен тим кој ќе биде подготвен за предизвиците во елитното друштво.